Битола

Експертите се вклучуваат во стратегијата за безбедност во сообраќајот

31.10.2014 16:39

Зачестените сообраќајни несреќи кои само во првите девет месеци од годинава одзедоа 109 животи го вклучија алармот и кај експертите од сообраќајниот отсек при Техничкиот факултет во Битола. Единственета вакава високонаучна институција во земјава во следните два месеци преку стручно-експертски анализи ќе дава предлози како до поефикасна стратегија за поголема безбедност во сообракајот.

Зголемениот број на сообраќајни несреќи кои само годинава во првите девет месеци одзедоа 109 животи го активираа алармот и кај високонаучната мисла. Експертите од собраќајниот отсек на Техничкиот факултет преку стручно-експертски анализи во следните два месеци ќе се обидат да помогнат во подигањето на собраќајната култура и свеста на учесниците во сообраќајот, и  евентуално да ја надополнат листата на досега познатите причини.  

„Нашиот придонес би бил во превенцијата на сообраќајните незгоди, односно преку пеезентација на научните искуства и она што ние го работиме да ги открие вистинските причини за ова опшествено зло“, вели вонредниот професор Верица Данческа.

„Нашите стручни знаења, искуство и сето она што го имаме како позитивен пример од другите земји ќе се обидеме на најдобар можен начин да го претставиме“, вели професор доктор Кристи Бомбол.

Експертите порачуват дека стратегијат освен човечкиот треба да опфати и други важни елемети. Стручни совети се најавуваат и во делот на делови од патната инфраструктура,

„Секако дека на патната инфраструктура треба да му се посвети внимание. Треба да има подобрувања во патната мрежа, во сигнализацијата и другите елементи од оваа тематика“, вели проректорот проф. д-р Никола Крстановски.

Самоиницијативноста на експертите да дадат свој придонес ја поздравуваат и од Министерството за внатрешни реботи.  Велат икако се подготвуву нов закон за повисоки казни, најдобар закон е високата свес на учесниците во сообраќајот.

„Свеста е најважна, и стариот закон само да се почитуваше доследно бројот на жртви ќе беше многу многу помал“, вели Љупчо Ставревски.

На актуелната непопуларна проблематика експертите преку средби дирекно ќе работат и со возачите, велат посебен дијалог ќе има со помладите учесници во сообраќајот.

Стевче Митрески