Македонија, Бугарија и Албанија ќе бараат пари од ЕК за доизградба на Коридорот 8

31.10.2014 17:37

Потпишана е декларација мегу трите земји за заедничка реализација на инфрасруктурните проекти. Бугарија и Италија ќе лобираат ЕУ да го стави како приоритет Коридорот во централната транспортна мрежа...

Македонија, Бугарија и Албанија ќе бараат Европската комисија да ја финансира доизградбата на Коридорот осум. Министрите за транспорт на трите земји потврдија, политичка воља за подобрување на железничката инфраструктура постои, до 2022 година ќе патуваме со воз од Скопје до Софија.

Јанакиевски ги истакна заложбите – од Куманово до Бељаковце се гради, до Крива Паланка е во фаза на проектирање, до 2017-тата ќе почне и последната делница до бугарската граница .

„Заедно со тековните активности за патните коридори паралелно работиме и на унапредувањето на железничкиот транспорт, како и на железничката инфраструктура во Македонија. Главната цел е да се зголеми капацитетот на Коридорот за подобра поврзаност со ЕУ и нејзиното соседство“, рече Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.

Потпишана е декларација мегу трите земји за заедничка реализација на инфрасруктурните проекти. Бугарија и Италија ќе лобираат ЕУ да го стави како приоритет Коридорот во централната транспортна мрежа.

„Посебно би сакала да ја истакнам потребата од изградба на железничките линии, кои недостигаат меѓу Македонија, Бугарија и Албанија. Ги поздравуваме напорите на Македонија за изградба на железничката инфраструктура до бугарско-македонската граница, која се одвива во етапи“, рече Николина Ангелкова, министер за транспорт и комуникација на Бугарија.

Македонија работи на реализација, ние сме мобилизираме за да не заостанеме од нив – став на албанскиот министер за транспорорт.

„Има предлог за оптички кабел долж кордорот и затоа ова нема да биде само пат, Коридорот е и железнички, тоа е координирана можност да се отстранат сите бариери“, рече Едмонд Хаџинасто, министер за транспорт и инфраструктура на Албанија

По министерските ставови на форумот во Софија , позитивни сигнали  од трите земји – постојано проблематизираниот поради финансиски и други причини , Коридорот 8 сега е на добар пат да се реализира во трите земји .

Сузана Фиданска Стоевска