Македонија е лидер во имплементација на законот за семејно насилство

31.10.2014 18:31

Во Струга се одржа регионална конференција на која учествуваа 10-тина општини пред кои беше претставен новиот Закон за спречување и заштита од семејно насилство...

Во Македонија секоја 4-та жена е жртва на семејно насилство. Новина во овој закон ќе биде тоа што сега, наместо жртвата самиот насилник ќе биде остранет од својот дом. Исто така новина ќе биде и тоа дека секој ќе мора да пријави, посебно комшии, роднини или секој оној кој што знаел за семејно насилство а не го пријавил, ќе биде казнет.

Со новиот закон се опфатени и низа други новитети.

„Новина е економското искористување како нов модел не само тука, туку и низ цела Европа, меѓутоа новина е и тоа што секој си ја знае улогата на институциите“, рече Ибрахим Ибраими, заменик Министер за социјална политика.

Македонија е лидер во регионот кога станува збор за имплементација на законот за семејно насилство.

„Во годинашниов извештај на ЕК, за прв пат е пофалена Македонија дека го зајакнала капацитетот на локалните комисии за еднакви можности на жените и мажите“, рече Лилјана Попоска.

Она што е исто така новина во овој закон е тоа дека во кратки законски рокови од 24 часа треба да се реши проблемот за спречување на семејното насилство.

„Ние мора да реагираме и мора да се справиме со прашањето веднаш“, рече Афердита Имери од Женско лоби.

Работата на терен во корелација со сите инволвирани институции ќе придонесе овој закон да донесе позитивни резултати.

Јованчо Наумоски