Буркина Фасо: Шефот на армијата се назначи за претседател

31.10.2014 18:58

Во Буркина Фасо шефот на армијата се назначи за претседател, откако досегашниот Блез Компаоре прогласи дека претседателското место е празно во интерес на социјалниот мир.

„Подготвен сум за отворени разговори за преодниот период, по кој ќе му ја предадам власта на демократски избран претседател“, рече Блез Компаоре, претседател на Буркина Фасо.

Компаоре со тешко вооружен конвој се упатил на југ, кон границата на Гана. По 27 години на власт рече дека нема да се кандидира за нов мандат и повика изборите да се одржат во рок од 90 дена.