Очекувањата на земјите-кандидатки за членство во ЕУ остануваат големи
Почнува со работа новиот состав на Европската комисија предводен од Жан Клод Јункер. И покрај неговите најави дека во наредните пет години проширување на Унијата нема да има, сепка, очекувањата на земјите-кандидатки не спласнуваат и продолжуваат со исполнување на задачите...

Предизвиците при следното проширување на Европската унија беше тема на денешната тркалезна маса организирана од страна на постојаната мисија на Република Македонија при ЕУ, на која учесствуваа преставници од Европската Комисија, од Европската служба за надворешни работи и амбасадори на државите од западен Балкан.
И покрај најавата дека во следните 5 години нема да има нови ченки во Унијата, очекувањата на државите се големи- истакна амбасадорот на Македоија Андреј Лепавцов и додаде дека Европската перспектива е движечката сила за рефорите во нашите земји, што значи дека треба да се продолжи да се работи на задачите кои ги зададе Европската Комисија.
„Да се работи во следните пет години на подобрување на економското владеење, на подобрување на траспортното поврзување и на реформите на јавната администрација. Комисијата ги детектира многу јасно нештата на кои треба да работиме во иднина“, реч Андреј Лепавцов.
Од понеделник на раководните позиции на европските институции доага новата постава предводена од Жан Клод Јункер – претседател на Европската комисија и Доналд Туск претседател на Европскиот Совет. Со Комесаријатот за соседство и преговори за проширување, како што е веќе познато ќе раководи австриецот Јоханес Хан, додека пак нов директор во директоратот за проширување е французионт Чан Ерик Паке.
Портпаролите во помалку емотивната прес конфернција се поздравија со новирите и им заблагодарија за соработката.
„Ми беше голема чест да соработувам со вас, понекогаш и тешко особено кога вие притискавте и притискавте за да добиете одговори. Знам дека понекогаш не бевме доволно конкретни, особено јас. Вие сакавте официјани одговори. Ви благодарам за тоа“, рече Пиа Хансен
Во новата постава на Јункер ке функционираат седум портпароли кои ке ги покриваат сите сектори. За Македонија и понатаму ке не брифира Словенката Маја Коцијанциц како портпарол на високиот преставни на Европската Комисија за надворешна политика и безбеднос Федерика Могерини.
Марина Тонева
