Се урна спејс-шатл на „Вирџин Галактик“, еден од пилотите е мртов

31.10.2014 20:30

Во моментов се знае само дека едниот пилот е мртов, а другиот е тешко повреден...

Се урна Спејсшип 2, шатлот на приватната компанија „Вирџин Галактик“ за вселенски туризам. По „сериозна аномалија за време на лет“, паднал при тестирањето во пустината Мохаве во Калифорнија.
 
Во моментов се знае само дека едниот пилот е мртов, а другиот е тешко повреден. „Ќе соработуваме со надлежните власти за да ја откриеме причината за несреќата“, објави компанијата на Твитер.
 
Вирџин Галактик веќе неколку години ја подготвува вселенската туристичка програма. Спејсшип 2 требаше да транспортира патници 100 километри на земјата, на почетокот на вселената за да доживеат неколку секунди бестежинска состојба пред да се вратат на Земјата.
 
Информацијата за несреќата не била објавена веднаш, Вирџин најави дека набрзо ќе излезе со изјава.
 
Ова е втора вселенска несреќа за една недела во историјата на комерцијалната вселенска индустрија. Во вторникот веднаш по полетувањето експлодираше ракетата Антарес која носеше товар за Меѓународната вселенска станица.