Груевски со бизнис заедница
Зголемувањето на нарачките и драстичното зголемување на производството на домашната текстилна индустрија ,металната и на дрвната го подигнаа индустриското производство кое во ноември порасна за 3,1% во однос на истиот период лани .Ова е добар старт за 2014-та е заедничка оценка на премиерот Груевски, неговиот економски тим и на бизнис заедницата .

,,Ова беше добра економска година во која секој го сработи својот дел.Владата преку обезбедување на општиот амбиент за работа, раздолжувањето и навременото плаќање на обврските , а бизнисмените со креативниот претприемачки дух успеаа добро да ја минат годината.”-смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Иако почетокот на годината не ветуваше многу сепак крајниот резултат е добар и влева оптимизам ,велат од Стопанската комора на Северозападна Макеоднија .
,,Скептиците секогаш остануваат скептици , но ние како бизнис заедница секогаш сакаме да бидеме оптимисти .”-вели Мендерес Кучи , претседател на Стопанската комора на Северо западна Македонија
Предлозите на бизнисмените се конструктивни и се однесуваат на подобрување на инфраструктурата,работата на одделни институции,на ИПАРД програмата ,смета вицепремиерот Ставрески ,кој најави дека тие во најголем дел и ќе бидат реализирани .Кредитната поддршка од 100 милиони евра и креативниот претприемачки дух на бизнисмените треба да помогнат економијата в година да порасне меѓу 3 и 3,5 % .
Свето Николовски