Отворен Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“
Синоќа со проекција на нагредените филмови во Битола беше отворено 22-то издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“. Фестивалот посветен на жанрот кој го негувале и браќата Манаки само потврдува дека оставениот аменет на Милтон Манаки „Продолжете го моето дело“ битолчани не само што го негуваат туку од година во година добива се поголеми димензии...

Иван Нишотовски е само еден од многумината млади кој што го прифатил аманетот на Милтон Манаки, и создава документарни филмски стории кои остават траен белег на македонската кинографија.
За неговиот 13 минутен аматерски филм „Приказна за мојот живот“ ја доби наградата Златна камера 300. Филмот работен како завршен испит на студиите по камера бил прикажан и во Њујорк.
Нишотовски вели битолскиот фестивал е вистинскиот филтер за оние што понааму планираат професионално да се занимаваат со филмската дејност.
„Наградата и учеството на овој интернационален фестивал е добра мотивација за понатамошната моја работа. Ме радува што ја добив втората по ранг награда во една исклучително голема конкуренција“, вели наградениот Иван Нишотовски.
Пристигнатите 75 аматерски документарни филмови од 15 земји во светот само покажува дека делото на браќата Манаки од година во година добива се поголеми димензи и кај оние што ги прават првите чекори во филмската уметност.
Зголемениот број на земји учеснички за организаторот и мегународното жири се подврда зошто фестивалот е респектирана членка на светската асоцијација „Уника“.
„Во оваа асоцијација фестивалот е регисриран под уставното име без никаква придавка или додавка. Никој не може да каже дека немаме фестивал кој е достоен за почит“, вели директорот на фествалот Стевче Хаџиантоновски.
„Квалитетот беше на високо ниво, сепак мислам дека изборот на најквалитетните беше коректен и наградите одат во вистински раце“, вели претседателот на меѓународното жири д-р Стефан Сидовски.
Покрај највисоката гран при награда која патува за Русија синоќа беа доделени и наградите за најдобра режија, монтажа како и златниот медал од „Уника“.
Стевче Митревски
