Ветено- сторено: Доделени првите 200 решенија за отпис на долгови

01.11.2014 16:59

Во Велес беа доделени првите решенија за отпис на долгови на граѓани. Во Центарот за социјални работи во Велес беа примени над 1.200 барања, а денес беа доделени 53...

42 илјади семејства од Македонија кои по владиниот проект за еднократен отпис на долгови имаат поднесено барање од денеска се во исчекување на решение во кое пишува дека нивниот долг е отпишан.

„Едно крупно ветување што им го дадовме на граѓаните пред изборите за отпис на договите од денес станува реалност. Тоа уште еднаш покажува дека за Владата дадениот збор преставува обврска и тогаш кога многу не веруваа и тогаш кога некој политичари не напаѓаа дека само заради изворите го ветуваме тоа се покажа кој е во право“, рече Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финании.

До крајот на овој месец треба да заврши работата на Комисијата која работи по поднесените предметите.

„Комисијата за еднократен отпис интензивно работи во соработка со министерството за финансии и министерството за труд и социјална политика очекуваме до крајот на месец ноември да се заокрижи целиот процес“, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална работа.

1.206 барања за отпис на  долговите биле примени во Центарот за социјални работи во Велес. 53 решенија денеска беа доделени.

„Добро е ова за нас е олеснување за плаќање на радиодифузната такса... Државата ни излегува во пресрет, да и бидеме благодарни за тоа... Како може да не бидам задоволен... Човек и кога се дави за сламка се фаќа- тоа е важно...“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Право на отпис имаа невработени лица, корисници на социјална парична помош, лица кои поради болест или смрт на близок член од семејството не можеле да ги подмират обврските за електрична енергија, радиодифузија, банкарски кредити и долгови кон извршители.


Дијана Иванова