Кошарка – АБА лига

МЗТ Скопје освежен против Цедевита!

01.11.2014 18:27

Скратениот буџет не значи и намалување на амбициите на МЗТ Скопје. Довра АБА сезона и одбрана на домашните трофеи и натаму е целта на „аеродромци“. Затоа новиот тренер Врбица Стефанов експресно ја засили конкуренцијата и тоа пред два важни меча.

Скратениот буџет не значи и намалување на амбициите на МЗТ Скопје. Довра АБА сезона и одбрана на домашните трофеи и натаму е целта на „аеродромци“. Затоа новиот тренер Врбица Стефанов експресно ја засили конкуренцијата и тоа пред два важни меча.

Вчерашниот договор со Дамјан Стојановски и оваа сезона да игра во сино – белиот дрес, враќањето на Шеховиќ и ангажирањето на американскиот плејмејкер Диксон, повторно од МЗТ Скопје направија респектабилна екипа на којашто веројатно и е потребно уште засилување на позицијата пет или таканаречен тежок центар. Освежениот тим првото од двете искушенија за краток период ќе го има утре и тоа против финалистот од минатата АБА сезона,  Цедевита. „Металците“ в среда во македонската Прва лига ќе гостуваат кај вечниот ривал, Работнички.

Кошаркарите на хрватскиот првак, Цедевита вчера одиграа тежок, но квалитетен евролигашки натпревар без разлика што загубија од ЦСКА Москва, па веројатно заморени ќе го дочекаат петтиот меѓусебен дуел со МЗТ Скопје. Македонскиот шампион пред две сезони славеше во обата меча, но минатата загуби и во Загреб и во Скопје со 81:75. Цедевита ќе биде посилна за огранизаторот на играта опоравениот Лени Укиќ, но и на овој дуел нема да настапи повредениот Марко Томас. Утрешниот пренос од дуелот МЗТ Скопје Аеродром – ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 18 часот.