Работнички ја продолжи низата триумфи!
Македонскиот фудбалски шампион Работнички е во победоносна серија и се издвојува како единствен кандидат на главниот за титулата, Вардар..Тетовската пресметка со Ренова пак, ја забави Шкендија во трката за врвот...

Во првите мечеви од 14-то коло, домашни победи од по 1:0. „Романтичарите“ го остварија шестиот триумф по ред и тоа против Пелистер кој нема победа на девет натпревари во серија. Решавачки беше голот на Норвежанецот Анене во 12-та минута со којшто Работнички и осми пат во последните девет дуели во Скопје беше подобар од битоллската екипа.
Ренова пак, дури по пет меѓусебни меча славеше против Шкендија, благодарени на голот од пенал на Мемеди во 90-та минута, откако во сопствениот шеснаесетник со рака играше Имери.
Со овој триумф ренова напредуваше од 8-та на 4-та позиција на табелата со 19 бода, Шкендија сотана трета со 24, додека второпласираниот Работнички со 28 барем привремено ја намали предноста на лидерот Вардар на пет бода.
„Црвено- црните“ кои се единствени без пораз утре ќе гостуваат во Турново, додека во другите два натпревара ќе играат Металург - Брегалница и Тетекс - Силекс.