3.1 милион денари за воведувањето на Халал стандардот во десет компании

27.12.2013 17:53

Бизнисмените кои што сакаат да го зголемат извозот и да бидат присутни на трети пазари каде што услов е ХАЛАЛ стандардот, прво ке треба да ја соберат потребната документација. Следен чекот е да се јават на огласот кој почнува на 27 јануари идната година. 

- По анализите и состаноците со претставници на стопанските комори и препознавајки ги можностите што ги нуди Халал стандардот, министерството предвиде 3,1 милион денари  средства  за покривање на трошоците за воведување на стандардот рече Ваљон Сарачини министер за економија .

Досега во Македонија 11 компании го спровеле ХАЛАЛ стандардот, а четири се во процедура. Бизнисмените кои веќе го вовелe велат дека е додадена вредност на компанијата.

- Годинава отворивме наша компанија во Истанбул, Турција ,идејата е преку неа да се позиционираме на арапските пазари. ХАЛАЛ сертификатот ни е посебно добродојден зашто со него ќе бидеме поконкурентни рече Живко Мукаетов  од Алкалоид.

- Првично го направивме за да бидеме поконкурентни и нашите производи да стекнат поголема доверба кај потрошувачите.Ние и претходно имавме извоз во овие земји, но по воведувањето на стандардот извозот двојно ни се зголеми  и порасна на еден милион долари годишно рече Глигор Цветанов , бизнисмен .

Светскиот пазар на ХАЛАЛ производи се проценува на 650 милијарди долари годишно, а европскиот на  66 милијарди евра годишно. Стапката  на раст изнесува 40 проценти  годишно.

Дијана  Ценевска