Росберг на пол во Остин
Првиот стартен ред и на трката за големата награда на Соединетите Американски Држави одново е резервиран за возачите на Мерцедес. Нико Росберг ќе стартува од пол откако во завршниот дел од квалификациската сесија демонстрира фантастични префоманси оставајќи го зад себе тимскиот колега и лидерот во генералниот пласман Луис Хамилтон за безмалку 4 десетинки што е најава за возбудлива трка.

Првиот стартен ред и на трката за големата награда на Соединетите Американски Држави одново е резервиран за возачите на Мерцедес. Нико Росберг ќе стартува од пол откако во завршниот дел од квалификациската сесија демонстрира фантастични префоманси оставајќи го зад себе тимскиот колега и лидерот во генералниот пласман Луис Хамилтон за безмалку 4 десетинки што е најава за возбудлива трка. Добрите перфоманси од слободните тренинзи болидите на Вилијамс ги пренесоа и во квалификациите, па Ботас и Маса ќе стартуваат од вториот ред,Рикардо и Алонсо ќе го пополнат третиот, а место меѓу најдобрите 10 на стартот обезбедија и Батон,Магнусен ,Раиконен и Сутил. Актуелниот шампион Фетел се појави на квалификациите без да форсира по најавите дека ќе стартува од боксот и на крајот имаше 17-то време од 18-те возачи кои настапија во квалификациите по отсуството на екипите на Марусиа и Катерхам.
Трката за американското гран –при е утре од 21 часот со пренос на собранискиот сервис ма МРТ.
