Леброн блескаше во Чикаго!
3:3 домаќини – гости во четвртата НБА ноќ од 69-та сезона. Откако дома потфрли и загуби од Њујорк, реновираниот и силен Кливленд по продолжението славеше кај Чикаго со 114:108. Блескаше Леброн Џејмс кој реализираше 36 поени, осум скокови, по четири асистенции и украдени топки и една блокада.
Шампионот Сан Антонио загуби на гости кај Феникс со 103:94. Ајзеа Томас во последниот период уфрли десет од вкупно 23 поени.
Во Лос Анџелес градската пресметка, Клиперс ги совладаа Лејкерс со 118:111, благораение на 39-те коша на Блејк Грифин.

Руди Геј пак, постигна 40 во триумфот на Сакраменто против Портланд со 103:94.
На дебито на клупата на Џејсон Кид, Минесота беше подобра од Филаделфија со 93:81. Најефикасен беше ОЏеј Мејо со 25 поени.
Со серија од 26:2, кошаркарите на Мемфис се радуваа на гостувањето кај Индијана со 97:89. Зек Рендолф беше играч на мечот со 22 коша и 13 скока.