Прв пораз на Карпош Соколи!
Фени индустри е првата екипа што го совлада Карпош Соколи во најдобрата македонска кошаркарска лига. Во четвртото коло, кавадарчани славеа дома со 85:76 и се израмнија со лидерот Куманово и со третопласираниата екипа од Карпош на врвот на табелата со по седум бода. Американецот Амонс беше најпрецизен кај Фени со 22 поена, Мијајловиќ кај гостите уфрли 26.

Како и Фени и Куманови ја оствари третата победа во сезоната и тоа на својот паркет против Гоце Делчев со 88:64. Српскиот кошаркар Аврамовиќ од Куманово и предводникот на Штипјани, Караколев постигнаа по 14 поени.
И по четвртото коло Водњански Лисици останува со максимален број порази затоа што загуби од Струмица со 77.66. За првата победа на струмичани најзаслужен е српскиот интернационалец Сибалиќ со 26 коша. Кај домаќинот Стефановски реализираше 18.