Крка славеше во Софија!
Словенечка екипа Крка триумфално мина низ Софија и барем привремено го презеде лидерството во АБА кошаркарската лига. Екипата на македонскиот селектор Александар Џикиќ го совлада Левски со 70:68 за прво место со пет победи и еден пораз.
Неочекувано, вториот тим од Словенија, Унион Олимпија загуби дома од дебитантот Металац со 70:69 иако на полувреме имаше 14 поени предност. Решавачки беше кошот на Јевтовиќ во последните секунди од мечот. Ова беше прв триумф на српската екипа, а трет пораз на Олипија.

Во рамките на шестото коло покрај МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита со пренос на МРТ собранискиот сервис во 18 часот, уште утре ќе играат двете непоразени екипи Црвена Звезда – Будуќност, потоа Цибона – Солнок и Игокеа – Партизан. За в понеделник е закажан натпреварот Мега Визура – Задар.