Во Злин на победа
Со обезбеден пласман на Мундијалот во Катар и со победа на отворањето на десетиот квалификациски циклус за ЕП, македонската машка ракометна селекција е во Чешка за да остане во убавиот филм.
Сценарио со среќен крај на тешкото гостување во Злин може да биде џиновски чекор кон обезбедување учество на нов голем настан, трет по ред Евро-шампионат.

Со Швајцарија нашите момчиња одработија рутинирано, колку што беше потребно за триумф. Овде ќе мора да се остави срцето на терен да се покаже карактер, да се одигра на високо ниво и да се заборават отсуствата на Јиха и на Хорак и дебаклот на Чесите против европскиот првак Франција.
Недопирливоста на Чесите пред своја публика ја почувствувале многу селекции,а меѓу нив и неколку претходни генерации македонски репрезентативци кои доживеале тешки порази.
Оваа генерација предводена од Кире Лазаров немаше комплекси од тој тип, барем на големите првенства. Годинава на ЕП во Данска ремизираа 24-24, а две години порано ги победија со Јиха во составот со 27-21.
Натпреварот во Злин Чешка-Македонија утре од 13.30 часот во малата Еуроникс сала, според капацитетот и изгледот слична на СРЦ Кале во Скопје, ќе го стартуваат норвешките судии Ојвин Тогстад и Руне Кристијансен.