Државна изложба на украсни птици во Брвеница

02.11.2014 13:49

Во Брвеница се одржа деветтата државна изложба на украсни птици и мали животни во организација на тетовското здружение на одгледувачи. Акцентот беше ставен на промоцијата на домашните сорти...

Во тек е процедурата за прогласување на Македонската масарка, Шарпланинскиот пеач и Македонсккиот вртач – Дунек за македонски автохтони сорти. Токму на нив им беше посветено посебно внимание на деветтата државна изложба на украсни птици и мали животни што се одржа во Брвеница.

„Секоја година е се подобра и има се повеќе експонати и учсници“, рече Владан Јованоски, одгледувач.

„Чест ми е што учествувам на оваа изложба“, вели Јетон Селмани, одгледувач.

На изложбата можеше да се погледнат над 700 експонати од повеќе сорти. Организатор и овој пат беше здружението „Дијаманстки петел“.

„Имаме ние македонски автохтони сорти кои со задоволство можеме да ги патентираме, прво во европскиот сојуз, а потоа да учествуваме на сите овие манифестации“, изјави Ванчо Илиевски – Претседател на „Дијамантски петел“.

Квалитетот на експонатите се подобрува со секоја нова изложба. За Македонија да биде во друштво со светските земји во кои се одгледуваат вакви птици, потребно е нашиот Сојуз да стане дел од европското семејство на одгледувачи.

„Се надевам дека властите во Македонија ќе имаат разбирање за ова наше хоби и спортување, за тие бариери да паднат“, вели Тане Србиновски – Државен судија.

Одгледувањето украсни птици бара голема посветеност и љубов. Само така и македонските одгледувачи ќе можат да постигнат успех и на меѓународните изложби.

 

Зоран Јованоски