Фудбал

Борусија остана и без повредениот Хумелс

02.11.2014 13:50

На лошите резултати на Борусија Дортмунд сезонава се надоврза уште еден проблем – повредата на Матс Хумлс. Капитенот на „милионерите“ се повреди на вчерашното дерби со Баерн во Бундеслигата и ќе отсуствува од терените во наредните три седмици. Германскиот репрезентативец го почна мечот на „Алијанц“ арена, но на полувремето беше заменет, во позиција кога Борусија водеше со 1-0. Без него екипата од Дортмунд прими два гола во вториот дел и го загуби натпреварот продлабочувајќи ја кризата кога се во прашање настапите во домашнит шампионат.

Хумелс со сигурност ќе го пропушти дуелите со Менхнегладбах и со Падерборн во домашната конкуренција и со Галатасарај во Лигата на шампионите. Стоперот е неизвесен и за квалификацискиот натпревар со Гибралтар на 14-то овој месец и контролата со Шпанија четири дена подоцна.