Суарез: „Кога не влегува, не влегува“!
Поразот од Селтасо 1-0 на „Ноу Камп“ ги разбранува духовите во Барселона. „Таков резултат не е пријатен. Сега е важно да ја кренеме главата и да продолжиме напред. Кога топката не сака да влезе, не сака, а и голманот беше на вистинското ниво. Фудбалот не е праведен“, изјави Луис Суарез по натпреварот од шпанската Ла Лига.

„Се чувствувам се подобро. На „Бернабе“ во првиот дел бев во ред, а во второто полувреме се заморив. Мечот со Еспањол ми послужи за да го кренам ритамот“, објасни уругвајскиот интернационалец, кој смета дека навивачите и натаму веруваат во екипата. Се очекува Суарез да игра во Амстердам против Ајакс во Лигата на шампионите. „Се радувам што ќе се вратам таму. Ајакс е тим којшто ми даде многу“, рече Сузарез, кој во периодот од 2007-ма до 2011-та настапуваше во дресот на најпознатиот холандски клуб.