Француски медиуми: Македонија - да се ужива без умереност!
Во неделното издание на триесет регионални весници, кои ја покриваат територијата на цела Франција, со заеднички повеќе милионски тираж, и кои се многу почитани од националните изданија, беше објавена репортажа за Македонија на цели четири страници...

Под насловот „Македонија да се ужива без умереност“ , игра на зборови на француски јазик, која посочува на вкусната овошна или зеленчукова салата која во француската гастрономија го носи името Македонија, авторите ги повикуваат читателите да ја откријат претсолнината Скопје која е во полн развој, природните паркови, бројните манастири...
Односно, тие им порачуваат на своите милионски читатели дека „во Македонија се наоѓаат сите состојки за нови откритија и изненадувања“.
Овај промотивен текст во францускиот неделник „Фемина“ кој е дистрибуиран во триесет регионални весници со милионски тираж, можеби е досега најголемото претставување во француската јавност на македонските туристички можности и за тоа што може да понуди нашата земја за француските туристи.
Сепак во текстот се прокрадува и по некоја грешка, како тоа дека Самоил е „бугарски цар“.
Во пресрет на зимската туристичка сезона, на специјализираната веб страница за туристичките работници „ПагТур“ беа претставени и зимските турситички капацитети на Македонија. Ова е дел промотивната кампања на Македонската агенција за Промоција и подршка на туризмот, преку француската агенција „ АТРАКТ“.
Засега приоритет им е даден на операциите за односи со јавноста, кои имаат за цел преку интернет и специјализираниот туристички печат, а во последно време и преку редовниот неделен печат, да изградат „имиџ“ за туристичката дестинација Македонија.
Ова преку дигитални маркентишки кампањи кои треба да го фаворизираат интересот и посетеноста нанашата земја.
Претставувањето на Република Македонија во ревијата „Фемина“ е добар почеток. Тоа што ни недостига се брошури слични како таа на „Пети Футе“ во која детално е опишана македонскаат култура и туристичка понуда. Следниот чекор е македонската туристичка понуда да се најде во големите француски туристички агенции.
Тони Гламчевски
