Се подновува железничкиот Коридор 10

27.12.2013 19:56

Започна реконструкцијата  на железничка делница Ногаевци -  Неготино. Ќе се модернизира 31 километар од Коридорот 10. Вкупната инвестиција  на оваа трета фаза  е 9,5 милиони евра, средства обезбедени од Европската банка.

„После 45 години започнуваме со реконструкција на оваа делница која е многу значајна за РМ. За сите три делници инвестицијата е вкупно 17,6 милиони евра“,рече Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски

Градежните работи треба да завршат за една година, тогаш по овој премин ќе може возовите да се движат со брзина до 120 километри на час.

Се вршат повеќе видови на градежни работи промена на шини и прагови на пругата како и санација на косините кои се на двете страни на пругата  Цветанка НЕшова – СК 13 холдинг.  

Додека се изведуваат градежните работи сообраќајот ќе се одвива под посебен режим.

„Доколку има прекин во тој период на возење на патнички возови патниците ќе бидат пренесувани од станицата Градско или Згрополци до Неготино“, рече Милан Јанкуловски, заменик директот МЖ Инфраструктура.

Покрај реконструкцијата на  делницата ќе се реконструираат и пероните за патници на железничките станици.

Дијана Иванова