Шесто намалување на цената на лековите- вкупна заштеда од над 30 милиони евра
Корекцијата на цената на лековите се прави двапати годишно, во март и октомври. Досега поевтинија повеќе од 3.500 лекови, некои неколку пати...

Антибиотици, аналгетици, седативи, лекови за болните од рак- по шести пат се намалија цените на лековите. Дел од нив граѓаните ќе можат да ги купат и по двојно пониска цена. Со ова намалување опфатени се 589 лекови, од нив 434 можат да се купат во аптека, останатите ги користат болниците. Вкупната годишна заштеда е повеќе од два милиони евра.
„Најголемо намалување на малопродажна цена се јавува кај следните генерички лекови: - Сefixime (Цефиксим) - антибиотик сируп (Панцеф) од 100 mg/5мл – со разлика во цената од 36,08% (старата малопродажна цена била 962.50 денари, а новата изнесува 615.24 денари), што ќе овозможи годишна заштеда од околу 87 илјади евра“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Корекцијата на цената на лековите се прави двапати годишно, во март и октомври. Досега поевтинија повеќе од 3.500 лекови, некои неколку пати.
Речиси и да нема лек во аптеките кој што не е намален- велат надлежните. За две години вкупната заштеда е повеќе од 30 минлиони евра.
Андријана Атанасовска
