Тензични избори во Доњец и Луганск- дали ќе доведат до конечно отцепување од Украина?

02.11.2014 17:08

Се уште е неизвесно дали изборите ќе доведат до конечното отцепување од Украина. Локалните медиуми јавуваат дека излезноста изутрината е над 8 насто и не се забележани инциденти...

Во тензична и напната атмосфера се одвиваат  парламентарните избори во  самопрогласените републики Доњецк и Луганск. Се уште е неизвесно дали изборите ќе доведат до конечното отцепување од Украина. Локалните медиуми јавуваат дека излезноста изутрината  е над 8 насто и не се забележани инциденти.

„Ова е нашата иднина. Сакаме нашите деца да живеат подобро од нас. Имаме големи надежи во овие избори... Гласам за подобра иднина за моите внуци“, велат гласачите.

Изборната комисија на Доњецк има тројца кандидати за функцијата премиер, но Захарченко кој неодамна политички се активира е во водство. Најавува продлабочени економски односи со Украина доколку Киев ги признае резултатите.

„Ние ќе ја ставиме економијата на здрави нозе и ќе  вратиме се што загубивме“, вели Александар Закарченко.

Се вжештија социјалните мрежи, со дијаметрално спротивни ставови меѓу Киев и Москва. Ова се лажни избори, оцену украинскиот претседател Порошенко.  Но за За Русија гласањето е легитимно,Иако за меѓународната заедница изборите се неуставни.

„Досега гласањето се одвива во најдобар ред. Тешкотиите беа совладани“, изјави Луцио Малан претставник на ОБСЕ.

Службата за безбедност на Украина најави кривична постапка за организаторите поради поради актвиности спротвни на уставот.

И во Романија  избори. Повеќе од 18 милиони гласачи го избираат новиот шеф на државата меѓу 14-ти кандидати. Според анкетите фаворит е актуелниот премиер Виктор Понта, политички опоненент на сегашниот претседател Басеску.

„По десет години конфликти и назадувања имаме можност да ја изградиме државата“, смета Виктор Понта, актуелкен премиер на Романија.

Новиот претседател ќе мора посериозно да се соочи со економските проблеми и рецесијата како и со обвинувањата за корупција. Романија е втора земја според степенот на сиромаштија во Европската Унија.

 

Марија Петковска