Јанкулоска на Генерално собрание на Интерпол во Монако

03.11.2014 08:41

Јанкулоска преку свое излагање директно ќе партиципира на втората панел дискусија посветена на „Засилување на полициската соработка преку законската регулативе, политиките, технологијата и техниките на работењето“...

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, од денеска до среда ќе учествуваат на 83-то Генерално собрание на Интерпол во Монако, кое се одржува под мотото „Одвраќање на криминалот – 100 години меѓународна полициска соработка“.
 
Јанкулоска преку свое излагање директно ќе партиципира на втората панел дискусија посветена на „Засилување на полициската соработка преку законската регулативе, политиките, технологијата и техниките на работењето“.
 
На останатите панели, соопшто денеска МВР, Јанкулоска ќе се дискутира и за „Еволуција и експанзија на организираната полициска соработка“, „100 години на колективна борба против транснационалниот криминал“, „Градење на посилни институции за национална и меќународна полициска соработка“, „Современи криминални закани и нови предизвици во полициската соработка“ и „Соработка со јавниот и приватниот сектор – нови партнерства за посигурен свет“.
 
На Генералното собрание ќе земат учество министри и високи полициски функционери од преку 100 земји членки на Интерпол.