Закуп на земјоделско земјиште во седум општини
Во 7 општини земјоделците можат да конкурираат за закуп на 2.400 хектари државно земјиште. На овој оглас најмногу се понудени површини во Прилеп и во Гази Баба, а користењето на земјиштето ќе трае во зависност од културите...

Право на учество на огласот имаат домашни физички и правни и странски правни лица. Услов е земјоделството да им е основна дејност, да се регистрирани или да се трговец поединец. За маслинарници, земјиштето се издава до 50, а за лозја, овоштарници и оранжерии до 30 години.
Максималната површина за аплицирање е до 10 хектари. Критериумите за избор се оддалеченоста на местото на живеење од земјиштето, понудената закупнина и планираното производство.
Почетната цена е 25 евра за земјиште од 1-ва до 4-та катастарска класа и 15 евра од 5-та до 8-ма. Во планинските подрачја, за 1-ва до 4-та класа почетната цена изнесува 15, а за 5-та до 8-ма класа 5 евра.
Понудите се доставуваат 20 дена од објавувањето, односно од први, а отворањето ќе биде јавно на 25-ти ноември.
Методија Трајков
