Расте бројот на заболени од грип

28.12.2013 14:59

Неделава 161 лице  заболело од грип . Ова е за 4 пати повеќе од ланскиот декември. Од Институтот за јавно здравје  смируваат. Велат дека вакви состојби паметат и во минатите години , посебно во 2009 –та, кога имало епидемија на грип. Очекувањата се  дека  својот максимум ќе го достигне во наредните неколку месеци .

Досега  околу 700 –луѓе  заболеле од грип .Загадувањето на воздухот во неколку градови  дополнително ја влоши состојбата кај хронично болните . Во ваква ситуација, граѓаните почесто одат на лекар.

Лекарите препорачуваат – хронично болните  и оние  што  имаат потешки  респираторни  заболувања  да примаат вакцина пред сезоната на грип и настинки .Годинава во Македонија беа набавени околу 30 000 вакцини

Досега против сезонски грип се вакцирани околу 24 000 граѓани . Потрошени се сите набавени вакцини во јавно- здравствените институции .

Во овој период не се регистрирани смртни случаи од вирусот на грип.

 Викторија Тодоровска