Родителите на Дениса Маркоска бараат уште една ДНК анализа
За да се изведе анализата, директорот на судска медицина Алексеј Дума објаснува дека родителите иако се подготвени и сами да ја платат новата анализа, најпрво треба да добијат одобрение од јавен обвинител...

Телото на Дениса Маркоска што беше најдено во Егејското Море на островот Kарпатос веќе е подготвено за транспорт во Прилеп. Според најавите, телото на девојката треба да пристигне утре. Македонското МНР дало гаранции дека до вторник парите кои ги бара приватната грчка фирма ќе бидат исплатени и отпочнати се сите процедури за транспорт на починато лице.
Семејството на Дениса бара дополнителна ДНК анализа во Македонија, сомневајќи се во резултатите направени во Грција. Но, за да се изведе анализата, директорот на судска медицина Алексеј Дума објаснува дека родителите иако се подготвени и сами да ја платат новата анализа, најпрво треба да добијат одобрение од јавен обвинител.
Дениса Маркоска исчезна на 12-ти септември во Егејското Море, од бродот Серенисима на кој младата прилепчанка работела.
Кај роднините уште има сомнеж дека зад исчезнувањето на 23-годишната девојка има нерасветлени околности кои докрај не се истражени.
