Бојкот на учениците во две кичевски училишта- не сакаат да следат настава во студени простории!

03.11.2014 11:11

Според неофицијални информации во двете образовни установи нема пари за набавка на нафта за парното греење. Сметките им се блокирани поради застарени долгови...

Над 1.000 ученици од кичевските основни училишта „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Доктор Владимир Полежиновски“ протестираат и ја бојкотираат наставата бидејќи како што велат, не сакаат да ја следат наствата во студени простории.

Според неофицијални информации во двете образовни установи нема пари за набавка на нафта за парното греење. Сметките им се блокирани поради застарени долгови, а локалните власти не сакаат да посредуваат при набавката на нафтата за парното.

Поради овие причини Советот на родителите реши децата да не одат на училиште.

Во четвртокот оваа тема беше дел од пратеничките прашања. Антонио Mилошоски од ВМРО-ДПМНЕ од Mинистерството за образование побара најитно решавање на проблемот со греењето во двете училишта.