Вечерва започнуваат Есенските музички свечености

03.11.2014 12:48

Сите љубетили на музиката ќе имаат можност бесплатно да уживаат во концертите...

Вечерва во Музејот на град Скопје, со „222 Rossini“ - концерт на гудачкиот квартет „Giovacchino“ од  Хрватска, ќе бидат отворени годинешните Есенски музички свечености.

На концертот ќе настапат солистите: Шо Акаматсу – прва виолина, Алина Губајдулина – втора виолина, Павле Савиќ –виолончело и Илин - Диме Димовски – контрабас, соопштуваат од град Скопје.

Во рамките на годинашнава програма на Есенски музички свечености, односно од 3-ти до 29-ти ноември  публиката ќе има  можност да ужива и во концертите на: ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“, Бојан Ивановски  на  гитара, Србија,  Даниел Маркез  на гитара, Бразил,  студентите на Факултетот за музичка уметност – Скопје, дувачки квинтет „АРТ“, квартетот „ЕОЛИНА“, Бугарија, Антонио Мостачи на  виолончело, Италија, „Македонски кларинет квинтет“, а на 29-ти ноември оваа музичка манифестација ќе заврши со „Концерт во чест на Илија Зимбо“.

Организатор е Дирекција за култура и уметност – Скопје, а Есенските музички свечености традиционално, секоја година, се реализираат под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура на Република Македонија.