Јанакиески: Наскоро директна авионска линија од Охрид кон европска метропола

03.11.2014 13:21

Министерот Јанакиески најави дека ќе наскоро ќе биде објавен повик за нова нискобуџетна авио компанија...

Милион услужени патници за 9 месеци е успех на сите учесници во авиособраќајот, посочуваат надлежните. Од концесионирањето во 2010-та бројот на патници е зголемен за 66 проценти.

Министерот Јанакиески најави дека ќе наскоро ќе биде објавен повик за нова нискобуџетна авио компанија со летови до Шпанија и Норвешка, а исто така наскоро може да очекуваме директна линија од Охрид до европска метропола.

„Веќе се припрема целокупната документација за објава за нов повик за изнаоѓање на нискобуџетна авиокомпанија каде што ќе побараме четири нови линии да се воспостават од Скопје кон Шпанија и Норвешка, но и други еврпски центри. Но, уште позначајно е тоа што ќе бараме да се воспостави директна линија од Охрид кон европска метропола, бидејќи сакаме и од Охрид да има редовни линии“, нагласи министерот Јанакиески.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ја прими Јана Ивановска, која во вторникот пристигна како милионити патник на аеродромот Александар Велики. Доби ваучер од 200 евра и викенд патување во Истанбул, награда од менаџментот на ТАВ и Владата.