Владата преку јавен оглас бара економски промотори за САД
Кандидатите кои ќе се јават на Огласот треба да ги исполнат и следниве услови: способност за презентација, комуникациски вештини и тимска работа, способност за покренување на иницијатива, проактивност и работа под притисок...

Македонската влада преку јавен повик бара економски промотори. Се бараат високо образовани и способни кадри, со релевантно искуство. Потребни се економски промотори во Њу Џерси и Kонектикат, Далас и Хјустон и еден во Минеаполис.
„Цениме дека е добра можност за сите кандидати, за оние најспособни, најквалитетни кандидати, да аплицираат за да можат да се стекнат со можност да бидат избрани и да ја извршуваат оваа одговорна функција која што е значајна и за Република Македонија, но е значајна и за нивната кариера и нивниот професионален развиток“, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Кандидатите кои ќе се јават на Огласот треба да ги исполнат и следниве услови: способност за презентација, комуникациски вештини и тимска работа, способност за покренување на иницијатива, проактивност и работа под притисок.
Портпаролот Ѓорѓиев истакна дека заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо (со максимум 500 зборови) и кратка биографија.
Огласот ќе трае до 10- ти ноември.
