20.000 за Ентони
Кармело Ентони стигна до 20.000 поени во кариерата, со што влезе во престижниот клуб 40 на НБА лигата. Кошаркарот на Њујорк Никс ја помина границата со 28-те поени против Шарлот, во триумфот 96:93. Ако и Стадемаер, кој што имаше дабл-дабл од 17 поени и 10 скокови, се разигра на стартот на првенството, тогаш играчки најскапата и логистички најбогатата франшиза преку Океанот, сериозно ќе се наметне како аспирант за висок дострел сезонава.

Демаркус Казинс брилјираше на дуелот против Клиперс, што Сакраменто го доби со 98:92. Кошаркарот на Кингс имаше неверојатен двоен учинок со 34 поени и 17 скокови, патем додаде и 5 прецизни додавања. Судбината на Руди Геј се уште не е позната, а овој со 25 поени ги инспирираше газдите на кралскиот тим, да побрзаат додека имаат време. На спротивната страна, Блејк Грифин постигна 17 поени, а Крис Пол 16 со 11 асистенции, во првиот пораз на Клиперс.
Мајами повторно победи, против Торонто со 107:102. Крис Бош не знае за доста, постигна 21 поен, со 11 скокови и 4 асистенции. Двејн Вејд му беше поддршка со 19/11/7, а Луол Денг со 18 поени. ДеРозан постигна 30 за поразените. Портланд загуби од Голден Стејт со 90:95, Томсон кој што ги постигна победничките имаше вкупно 29 поени за Вориорс, а Олдриџ 26 на другата страна.