Унгарско катче во библиотеката „Браќа Миладиновци“
Oтворањето на Унгарското литературно катче во библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе овозможи приближување до унгарската книжевност...

По повод 25 години од унгарската револуција, со изложбата „Вишеград карма“ во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ отворено литературно катче. На овој начин Библиотеката ги одбележува 20 години од воспоставувањето на унгарско- македонските дипломатски односи.
Организирано афирмирање на унгарската литература и култура преку изложба и основање на првото Унгарско катче во Македонија ја покажува подготвеноста за отворена соработка на Унгарија и Македонија во доменот на културата посебно во афирмацијата на библиотечните вредности, истакна на отворањето директорот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Бранко Цветковски.
За министерот за надворешни работи Никола Поповски отворањето на Унгарското литературно катче во библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе овозможи приближување до унгарската книжевност, како и запознавање на македонските читатели со понудената литература.
