Пред дербито со Работнички

Дамјан Стојановски потпиша за МЗТ Скопје

03.11.2014 15:41

Реконструкцијата на ростерот по неполн месец од новата кошаркарска сезона МЗТ Скопје ја продолжи со официјализирање на новиот договор со Дамјан Стојановски. Репрезентативецот којшто го носеше дресот на македонскиот првак во трите шампионски сезони ќе игра за „аеродромци“ до крајот и на оваа, а ќе дебитира веќе в среда во вечното дерби со Работнички.

Ангажманот на Стојановски најверојатно ќе значи разделба со Американецот Џордан Демјуинк, којшто не се прослави во првите неколку кола и би бил петтиот странец којшто ќе го напушти МЗТ. Во ситуација кога тимот тешко се консолидира по турбуленциите со заминувањето на Змаго Сагадин и на повеќе промашени засилувања, сигурно дека тренерот Врбица Стефанов ќе очекува токму Дамјан да ја преземе улогата на лидер и на паркетот и во соблекувалната, нешто што и премногу очигледно недостасува по заминувањето на Гечевски и на Чековски во „Градски парк“.

Клубот со нетрпение ги очекува квалитативното подигање на нивото и стабилноста коишто Стојановски ќе ги донесе во играта. Таа и вчера против евролигашот Цедевита беше со падови и осцилации и значително помогна за првиот домашен пораз во АБА. Паралелно со рекомпонирањето на тимот токму пред првиот сезонски судир со Работнички, а  потоа и саботното гостување кај Партизан, стручниот штаб ќе мора и психолошки да поработи со играчите, кај најголем дел од коишто се очигледни отсуството на самодоверба и несигирноста на теренот. Како играч Стефанов беше со победнички менталитет, сега пред него е задачата во новата ролја од клупата да научи како истото тоа да го разбуди кај кошаркарите.