На ред е Мундијалот во Катар
Нашата машка ракометна репрезентација може мирно да ја насочи енергијата и мислите кон Мундијалот во јануари идната година. Првите две рунди од Европските квалификации за Полска 2016 беа успешна резултатска проверка пред Катар и позитивен вовед и приближување до нов голем настан.
По ремито во Чешка можевме да бидеме со една нога на третото по ред Евро-првенство, но и да си ја искомпликуваме ситуацијата. И затоа исходот е најправеден и сепак позитивен за нас по се она што се случуваше во Злин.

Двете контрастни лица на Македонија на жешкиот терен се предупредување и поука пред новите предизвици. Дојодовме во ситуација да се коцкаме по црната дупка во првото полувреме, наместо да го откажеме противникот токму во тој период.
Повторно недозволено голем број на технички грешки, тотален пад на концентрацијата до конфузија кои подмладената домашна селекција знаеше да го казни.
Само искуството, индивидуалните блесоци и неубедливиот ривал ни овозможија да излеземе непоразени од чешката ракометна тврдина.
Време за корекции во играта има , прогрес е неопходен. Против Чешка Кире и Борко имаа солидна подршка од Миркуловски, позитивно е што Наумче Мојсоски добива се поголема самодоверба, одбраната, ротацијата и резервистите може и мора подобро да функционираат.