Проектот „Спортски бон тон“ прогласен за еден од најдобрите меѓународни проекти
Проектот „Спортски бон-тон“ се најде меѓу десетте најдобри меѓународни проекти. По три годишна реализација, ваквото признание покажува дека се исполнува целта физичката активност кај младите да биде доминантна...

Македонскиот „Спортски бон тон“ е прогласен за еден од десете најдобри меѓународни проекти каде физичката активност кај младите има доминантна цел. За организаторите, ова признание е доказ дека се на правиот пат преку спортот младите да се градат како општествено одговорни личности, прифакајки ги разликите кој ги имаат другите.
„За прв пат вклучиваме лица со посебни потреби во проектот бидејки сакаме да оформиме адаптибилна програма за физичко воспитание и во иднина таа да влезе во образовниот процес“, рече Иван Анастасовски од Здружението за развојни иницијативи-Геостратешки институт „Глобал“ – Скопје
Свети Николе денеска беше домаќин на учерници од Велес, Охрид, Маврово Ростуше, Ново Село и Карпош. Тука за прв апат се промовира и велосипедот како дел од традиционалните спортски игри.
„Да го негуваат колективниот дух, значи да се почитуваат меѓу себе е една од работите а второ од работите е да бидат малку повеќе посветени на спортот, да го негуваат натпреварувачкиот дух“, рече Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе.
„Мене најинтересно ми е што запознавам нови другарчиња“, велат учесниците.
Проектот Спорстки бон тон се реализира веќе трета година. Покровител е претседателот Горѓе Иванов. Игрите кои започнаа во месец септември во Велес а ќе завржат наредниот месец во општина Карпош.
Дијана Иванова
