Променливото време идеално за настинките - на удар децата
Вакцинацијата е една од најуспешните превентивни мерки против грипот- велат лекарите. Оваа година набавени беа 30 илјади вакцини...

Обична настинка кај хронично болните често знае да предизвика бронхит или пневмонија. Променливото време е идеално за настинките- на удар се децата. Затнат нос, кашлица- од 50 до 40 дечиња дневно доаѓаат во ординациите на матичните лекари. Велат, грипот сеуште не е алармантен, почести се настинките. Најмногу страдаат децата што одат во градинка и во училиште- таму полесно се пренесуваат.
„Гледај времето какво е имаме проболеми, имаме бронхит, малите деца имаат проблем.
„Со крајниците има проблем, незнам дали влијаа времето, можеби да.“
„Луѓето ако настинуваат ќе имаат грип, нормално е тоа“, велат анкетираните граѓани.
Докторите велат- родителите терапија да не даваат на своја рака.
„На своја рака родителите да не земаат антибиотик, ако треба да ги донесат кај матичниот лекар и да видиме за што се работи. Ние препорачуваме што повеќе течности, витамин ц, ако има потреба капки за нос ние ќе кажеме и тоа најчесто препорачуваме физиолошки раствор, односно морска вода“, изјави д-р Љиљана Тикваровска од поликлиниката „Бит Пазар“.
Сеуште нема лабораториска потврда кој тип на вирус циркулира во земјава. До 26-ти минатиот месец во Институтот за јавно здравје регистрирани беа 200-те заболени од грип.
Вакцинацијата е една од најуспешните превентивни мерки против грипот- велат лекарите. Оваа година набавени беа 30 илјади вакцини.
Андријана Атанасовска
