Загинаа 24 имигранти во бродската несреќа на Босфор
Несреќа во Турција. Дваесет и четири мртви, меѓу нив повеќето се деца пронајдени на брегот на Босфор, откако потонал бродот со кој се превезувале. Локалните медиуми пренесуваат потресни изјави на сведоци-локални рибари кои забележале тела на удавени бебиња. Патниците кои се превезувале со потонатиот брод биле мигранти. Спасувачките екипи веднаш реагирале и успеале да спасат седуммина.

Се претпоставува дека на бродот имало 50 патници, кои патувале кон Романија. Во спасувачката акција се вклучени чамци на крајбрежната стража и хеликоптери. Бродските несреќи често се случуваат во Турција, поради големиот број мигранти од Африка и Блискиот Исток, кои Турција ја минуваат за да стигнат во Земјите на Европската Унија. Босфорскиот теснец е еден од најпрометните пристаништа низ кој минуваат илегалците, а бродовите со кои се превезуваат најчесто се небезбедни и преполни со патници.
Марија Петковска