Авиотранспорт

Нови конекции со европските метрополи од „Александар Велики“

03.11.2014 17:22

Од Македонија директно до Шпанија и Нрвешка, нови конекции до европските метрополи. Првите летови ќе започнат веќе од јуни, со што дополнително ќе се зголеми бројот на патници од скопскиот аеродром...

Од Македонија до Шпанија и Норвешка. Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ се планираат 4 нови дестинации. Повикот за нискобуџетна авиокомпанија која ќе лета на овие релации се очекува во јануари.

„Веќе се припрема целокупната документација за објава за нов повик за изнаоѓање на нискобуџетна авиокомпанија каде што ќе побараме четири нови линии да се воспостават од Скопје кон Шпанија и Норвешка, но и други еврпски центри. Но, уште позначајно е тоа што ќе бараме да се воспостави директна линија од Охрид кон европска метропола, бидејќи сакаме и од Охрид да има редовни линии“, нагласи министерот Јанакиески.

Првите летови ќе започнат веќе од јуни, со што дополнително ќе се зголеми бројот на патници од скопскиот аеродром, кој е лидер во регионот по стапката на раст на патници.

„Оваа година најфрекфентен ден беше 4 август со 5793 патници, она што мора да ги истакнеме е порастот на бројот на патници, кај нас изнесува 21 процент, што во споредба со европскиот просек е многу повисок. На европско ниво тој е од 5 до 9 проценти“, изјави Алпер Ерсој, заменик генерален директор на ТАВ Македонија.

Министерството за транспорт и врски за субвенционирање на нови дестинации во наредните 3 години ќе вложи 5 милиони евра. Како позитивен пример го наведуваат Виз Ер – од планирани 3 сега имаат 14 дестинации за летање.

Лука Андреев