Осуден српскиот државјанин за тешката сообраќајна несреќа кај Демир Капија

03.11.2014 17:34

На година и девет месеци е осуден српскиот државјанин Рајко Радуловиќ, по тешката сообраќајка која се случи кај Демир Капија пред четири месеци, во која загина осуммесечно бебе, а подоцна на повредите им подлегна и неговиот чичко. Ова е пресудата на Основниот суд во Неготино, по спогодбата меѓу кавадаречкото обвинителство и обвинетиот. 

Во сообраќајката тешко беше повредена и мајката на бебето, а со тешки повреди се здобија уште петмина патници. Во страотната несреќа се судрија две патнички возила со српски регистерски таблички, во кои покрај загинатото бебе, во критична состојба беше и неговиот петгодишен брат.