Наредната година Канада ќе прими рекорден број доселеници

03.11.2014 19:49

Канада следната година ќе прими помеѓу 260 000 и 285 000 доселеници, што е рекорден број во поновата историја на таа земја, изјави министерот за државјанство и имиграција Крис Александер, претставувајќи го планот за доселување во 2015-та година.

Александер најавил дека во 2015 та година Канада ќе обедини повеќе доселенички семејства и ќе продолжи да им пружа помош на најзагрозените граѓани во светот.

Најмногу нови доселеници (околу 65 отсто) ќе бидат примени во категоријата економски имигранти, а преостанатите 35 отсто ќе ги сочинуваат членовите на семејствата на доселениците кои веќе се наоѓаат  во Канада и кои сакаат да продолжат да живеат со нив во таа земја. Во таа третина влегуваат и бегалците и другите кои Канада ги прифаќа во рамки на хуманитарните програми.