Можностите за инвестирање во Mакедонија претставени пред влијателни американски бизнисмени

04.11.2014 10:12

Бизнис– форумот во Њујорк, организиран во соработка со „Фајненшл тајмс“, го посетија голем број бизнисмени. Слушнаа за инвестициските можности и за потенцијалите, кои им стојат на располагање за инвестирање во државава...

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски го почна роуд– шоуто во повеќе градови во САД. Водечкиот глобален финансиски центар Њујорк е прв на агендата на македонската владина делегација.

„Македонија има многу добра бизнис клима, сериозно подобрена во изминатите 7 до 8 години. На пример, извештајот Дуинг Бизнис на Светска банка во 2006-та ја рангираше Македонија на 94-тото место, а денеска сме на 30-тото место“, нагласи премиерот Никола Груевски.

Бизнис– форумот, организиран во соработка со „Фајненшл тајмс“, го посетија голем број бизнисмени. Слушнаа за инвестициските можности и за потенцијалите, кои им стојат на располагање за инвестирање во државава.

„Имаме софтвер што ја намалува зависноста од електрична енергија за 10 до 15 проценти месечно. Бараме место за производство. Дојдов на оваа конференција за да дознаам за бенефициите, цената на работната рака, даноците, банкарскиот систем. Бев толку многу импресионирам што ќе допатувам во Македонија кон крајот на годинава или во јануари за да проверам колкави се точните трошоци и што е потребно да почнеме со производство на почетокот на годината“, вели Ендрју Лоза, сопственик на Смарт Кулинг ЛЛЦ.