Електронски надзор на дрвната маса

04.11.2014 10:22

Ќе се воведе електронски надзор на дрвната маса во шумите, од обележување до продажба. Нив ќе ги чуваат и шумарите и шумската полиција...

Новина во заштитата на шумите од бесправната сеча е електронско следење на стеблата од означувањето до крајниот купувач, а заедно ќе ги чуваат шумарите и шумската полиција.

Се укинуваат и лиценците за правни и физички лица за услуги во приватните шуми, а обврската ја превзема јавното претпријатие.

Ќе се промени и третманот на одземената дрвна маса.

Доколку таа е предмет на кривична или прекршочна постапка може да се продаде, а доколу е донесена одлука за враќање се враќа од ист вид, количество и класа.

Досега запленетата сеча мораше да се чува до крај на постапката.

 

Методија Трајков