Опозицијата го договара идното дејствување

04.11.2014 10:38

Жерновски не крие дека има пратеници кои сакаат да го прекинат бојкотот, но, оти интергитетот на опозицијата не смее да зависи од нив...

Опозицијата денеска на средба за идното дејствување. Лидерите на ЛДП и на НСДП, Жерновски и Петковски од претседателот на СДСМ, Заев ќе побараат да излезе со јасна стратегија што ќе прати порака кај гласачите дека се има концепт.

Жерновски не крие дека има пратеници кои сакаат да го прекинат бојкотот, но, оти интергитетот на опозицијата не смее да зависи од нив. Последната потврда дека до  опстојувањето на одлуката за бојкот на собранието се редат сѐ повеќе прашалници, беше заедничката средба на Извршниот одбор на социјалдемократите со  пратеничкиот  тим.

Останува уште една недела до 10-ти ноември кога завршува деловничката толеранција за неоправданото отсуство на пратениците. Ова е една од варијантите за одземањето на мандатите, втората опција е спикерот  Вељаноски да ја закаже веќе почната седница на којашто ќе бидат констатирани поднесените оставки од опозициските  пратеници.