Порошенко свика итен состанок на шефовите за безбедност

04.11.2014 10:51

Украинскиот претседател Порошенко за денеска свика итен состанок на шефовите за безбедност. Ќе се разгледуваат нови начини за борба против проруските бунтовници. По изборите во Донбас, Киев размислува да го повлече специјалниот статус на регионот и за судбината на примирјето.

„Едно од прашањата што ќе ги разгледуваат Националната безбедност и Советот за одбрана е укинување на законот што им дава специјален статус на локалните власти во одредени области во Доњецк и во Луганск“, изјави Петро Порошенко, претседател на Украина.

Порошенко ја обвини Русија дека го прекршила мировниот договор од Минск.