„Ало докторе“: Регистрирани над 7.000 јавувања од отворањето на телефонската линија за медицински совети
Бесплатната телефонска линија од први ноември е засилена со пет нови доктори...

Над 7.000 јавувања се регистрирани од почетокот на функционирањето на телефонската линија „Ало докторе“ од страна на граѓаните, за медицински совет или информација за одредена здравствена состојба.
Бесплатната телефонска линија од први ноември е засилена со пет нови доктори.
22 доктори се достапни за граѓаните од сите градови на Македонија, 24 часа, за медицински совет, соодветна симтоматска терапија и доколку е потребно повикот да го пренасочат кон службата за Итна медицинска помош 194.
Во изминатите два дена, во најголем број јавувањата од страна на граѓаните биле за здравствени совети во врска со ревматски состојби, проблеми со крвниот притисок, респираторни проблеми и симптомна болка. Во изминатите два дена имало вкупно 317 јавувања.
