Четврто коло во ЛШ, Јувентус и Бенфика на крстопат
Нова рунда од Лигата на шампионите, четврта...за многу екипи судбинска во барањето на влезот во нокаут фазата!Јувентус,Ливерпул,Бенфика се токму во таква ситуација, за разлика од Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, кои уживаат во максималниот учинок од претходните три кола. Според звучноста на имињата и нивните титулари, дуелот на „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид меѓу Реал и Ливерпул е еден од хитовите на вечерта.

Нова рунда од Лигата на шампионите, четврта...за многу екипи судбинска во барањето на влезот во нокаут фазата!Јувентус,Ливерпул,Бенфика се токму во таква ситуација, за разлика од Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, кои уживаат во максималниот учинок од претходните три кола. Според звучноста на имињата и нивните титулари, дуелот на „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид меѓу Реал и Ливерпул е еден од хитовите на вечерта. Сеуште се незалечени лузните на англичаните од катастрофалните 0:3 на Енфилд Роуд, а вечер одново влегуваат во канџите на немилосрдниот Реал.Среќна околност за Ливерпул е што и ако одново загуби останува во трката со Базел и Лудогорец.
Јувентус по поразите од Атлетико Мадрид и Олимпијакос се соочи со траума и излезот од неа ќе го бара дома, во Торино во реванш против грчкиот шампион.Заплетот во „Ц“ групата значително ќе се засили, ако Бенфика постигне победа над Монако,ако Зенит постигне успех против Леверкузен. Арсенал и пред се Борусија Дортмунд се здобија со меч топки за обезбедување на нокаут фазата.На Емирати Арсенал го пречекува Андерлехт, а Борусија е со шанса против Галатасарај бледото свое лице од Бундес лигата да го осветли со нов сјајот од европската сцена.
Лига на шампиони- 4 коло:20.45 часот
„А“ група:
Јувентус- Олимпијакос
Малме-Атлетико Мадрид
Табела:
1.Атлетико(М) 6
2.Олимпијакос 6
3.Јувентус 3
4.Малме 4
„Б“ група:
Базел-Лудогорец
Реал Мадрид-Ливерпул
Табела:
1.Реал Мадрид 9
2.Лудогорец 3
3.Ливерпул 3
4.Базел 3
„Ц“ група
Зенит-Ливерпул 18.00 часот
Бенфика-Монако
Табела:
1.Леверкузен 6
2.Монако 5
3.Зенит 4
Бенфика 1
„Д“ група
Арсенал-Андерлехт
Борусија Дортмунд –Галатасарај
Табела:
1.Брусија(Д) 9
2.Арсенал 6
3.Андерлехт 1
4.Галатасарај 1
