Врачени нови 60 решенија за легализирање на бесправно изградените објекти

28.12.2013 15:14

Доделувањето решенија...

Доделувањето решенија за веќе легализираните дивоградби продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика.

Од денеска, уште 60 граѓани се стекнаа со правото за законско користење на  личниот имот кој и покрај тоа што со децении го уживале, сепак, не биле и негови вистински  сопственици. Официјалните информации говорат дека Прилеп останува на првото место на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.

Прилепчани покажаа голем интерес за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти.