ФЗОМ: Побрза исплата на надоместоците, без оптоварување на фирмите
Според директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева- Змјекова, проектот за побрза исплата на надоместоците е во владина постапка, и ќе стартува во 2016- та година...

Од јануари, породилното отсуство ќе го спроведува и Здравствената установа- Болницата, каде што мајката се породила. Воедно и матичниот гинеколог по службена должност ќе пријави породилно отсуство, кое Фондот веднаш ќе го процесуира, и ќе почне со исплатата без други документи.
Според директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева- Змјекова, проектот за побрза исплата на надоместоците е во владина постапка, и ќе стартува во 2016- та година. Во изминатите два месеца биле направени компаративни анализи за исплатите на надоместоците во земјите од нашето опкружување вклучително и земјите од ЕУ.
Словенечкото искуство го земавме со големо внимание поради големото задоволство на осигурениците, а воедно го до разработивме и прилагодивме на Македонските услови. Примерот на Словенија е исплатата на надоместоците привремено да ги исплаќа фирмата, а во краток рок ФЗО да ги надомести до фирмата во целост, појасни Парнарџиева - Змејкова.
